Македонија има енергетска зависност од 47,9 отсто од вкупните потреби на населението, а земјата произведува 1,4 милиони Мтое (енергија пресметана според еквивалент на милион тони нафта), од кои 77,9 проценти од цврсти горива (јаглен и дрво), а 22,1 отсто од обновливи извори, покажуваат последните податоци на Европската канцеларија за статистика (Еurostat) за производство и потрошувачка на енергија за 2013 година. Како што пренесува Македонаската информативна агенциај (МИА), според овие податоци, севкупната енергетска поторшувачка во Македонија во 1990-тите години изнесувала 2,4 Мтое, а во 2013 година била 2,7 Мтое, со тоа што има потреба да увезува 47,9 проценти од потребната енергија.
Македонија има енергетска зависност од 47,9 отсто од вкупните потреби на населението, а земјата произведува 1,4 милиони Мтое (енергија пресметана според еквивалент на милион тони нафта), од кои 77,9 проценти од цврсти горива (јаглен и дрво), а 22,1 отсто од обновливи извори, покажуваат последните податоци на Европската канцеларија за статистика (Еurostat) за производство и потрошувачка на енергија за 2013 година.
Како што пренесува Македонаската информативна агенциај (МИА), според овие податоци, севкупната енергетска поторшувачка во Македонија во 1990-тите години изнесувала 2,4 Мтое, а во 2013 година била 2,7 Мтое, со тоа што има потреба да увезува 47,9 проценти од потребната енергија.
Во споредба со Еворпската унија, Македонија е на речиси идентично ниво, бидејќи во просек земјите членки на ЕУ се зависни за 53,2 отсто од увоз на енергенси (најголем дел од Руската Федерација). Притоа, од самите земји од Унијата, најзависна од увоз на енергија е Малта со 104,1 отсто, а најмалку зависна е Данска со 12,3 отсто.
Со 135 Мтое, или 17 отсто од целосното производство на енергија, Франција е земја којашто е најголемиот производител на енергија во рамки на ЕУ за 2013 година, пред Германија (121 Мтое - 15 отсот), Велика Британија (110 Мтое - 14 отсто) и Холандија и Полска (со по 71 Мтое - 9 отсто). Во овој дел, Македонија произведува 1,4 Мтое (енергија пресметана според еквивалент на милион тони нафта), од кои 77,9 отсто се произведува од цврсти горива (јаглен и дрво), а останатите 22,1 отсто од обновливи извори на енергија.